Кога се во прашање современите технологии, лицата на корисниците имаат се поголемо значење. Најновиот пример е X FaceID на Iphone; како и Android Pay кои наводно ќе ја донесат опцијата за верификација со помош на препознавање на лица за програмита на лојалноста.
И аеродромите во скоро време би можеле да користат технологија за препознавање лица, иако се уште постојат проблеми во имплементацијата кои се однесуваат на приватноста.
Facebook има уште една новост која нема да им се допадне на многумина
Loading...
Сепак, тоа не го спречува Facebook да ја тестира функцијата за препознавање лица која би требало да помогне во заштита на профилите, тврди Мет Невара од TheNextWeb.
Функцијата моментално се тестира само за ситуации кога корисникот треба да си го поврати профилот кој од некоја причина е заклучен. Функцијата наводно не е лесно да се хакира, па би можела да биде достапна и на другите корисници.
Нема многу детали за нејзината примена, ниту информација за тоа кога ќе биде достапна на корисниците на оваа социјална мрежа.