Еврокомисија: Фон дер Лајен нема симптоми, работи од изолација

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нема симптоми на коронавирус, работи нормално преку видео конференција и е апсолутно добро, изјави портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер.

Loading...

По информацијата дека претседателката на Еврокомисијата во самоизолација откако присуствувала на состанок во Лисабон во вторникот каде едно лице било потврдено позитивно за Ковид-19, во Брисел потенцираат дека рутинскиот тест на Фон дер Лајен во четвртокот бил негативен, а се очекуваат резултатите од денешниот тест.

Се додава дека Урсула фон дер Лајен немала информации за нејзината изложеност на ризик од зараза со коронавирус кога учествувала на дводневниот самит на лидерите на ЕУ на 1 и 2 октомври во Брисел.

Од почетокот на пандемијата во Европската комисија, 159 лица добија позитивен тест на коронавирус.

Сања Костовска

Leave a Reply