Еве што може да очекуваме до 2050 година според научниците

Сподели со своите пријатели

Често слушаме за климатските промени и одржливоста, кога се зборува за глобланата криза. Но, тие само прават апстракна опасноста, додека во реалноста многу се посериозни отколку што нам може да ни изгледаат на прв поглед.

Loading...

Ова се петте работи кои научниците и економстите мислат дека до 2050 година би можеле да се случат, а ги пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Прогон

Промените во нашето природно живеалиште би можеле да протераат милиони луѓе од своите домови во следните 35 години. Всушност, се предвидува дека растота на температурата за само три степени целзисуови би можел да натера 600 милиони луѓе да побараат нов дом. Температурата во последните 50 години порасна за еден степен, а тоа и натаму ќе продолжи со брзо темпо да се менува.

Поплави

Бреговите ширум светот се под постојан ризик поради арстот на нивото на морето. Во последните 20 години шансите морските олуи да ги поплава улиците на Менхетен се зголемени за 20%, а до 2050 се претпоставува дека она што во минатото се случувале на секои 100 до 400 години, сега ќе се случува на секои четири до пет години.

Глад

Се очекува дека житариците ќе ги има се помалку. Така Азија до 2050 година би требала да бежели 50% помалку пченица и 17% помалку ориз. Поради тоа 20 милиони деца ќе бидат гладни во Азија, Африка и Јужна Америка.

Loading...

Болести

Поради зголемените температури и влагата во воздухот ќе се прошири борјот на инсекти кои ќе шират различни болести. Благодарение на долгите лета и честите меѓународни патувања ќе се појават и нови глобални епидемии.

Војни

Технолошкиот развикот веќе сега овозможува технолошко војување, но тоа со време ќе се разбурка. Поради нерамномерната распределба на силите, ќе се зголеми и опасноста од регионалните закани од нуклеарни војни.