Еве колку долго треба да трае водењето љубов според жените

Сподели со своите пријатели

Ако некогаш сте се запрашале колку време е потребно за другата страна да биде задоволна или дали сексот ви трае доволно долго, експертите велат дека тие го имаат одговорот.

Loading...

Имено, големо истражување спроведено преку интернет врз повеќе од 3.800 сексуално активни мажи и жени покажа дека навистина има нешто што би го нарекле „прекратко“, „премногу долго“ и „идеално“.

Откриено е дека жените во просек сакаат да издржат 25 минути и 51 секунда, што е идеална мерка за нивно задоволство, пишува IFL Science.

 

 

И, иако може да се претпостави дека мажите би замавнале со тоа, тие се чини дека се согласуваат затоа што претпочитаат токму таа должина на пенетрација – околу 25 минути и 43 секунди.

Но, студијата исто така се открива дека мажите честопати не се објективни во однос на просечното времетраење на дејството во кревет, па затоа тие често преценуваат колку траел сексот.

Loading...

Кај 27 проценти од луѓето, просечното времетраење трае од три до седум минути, за 18 проценти од нив задоволството е непречено од седум до 15 минути, додека само 12 проценти од паровите велат дека нивниот секс, или самата пенетрација, трае од 15 минути до неколку часа.

 

 

Се споменуваат мажите како главни „виновници“ за ова, иако предвремената ејакулација се смета за состојба во која сексуалната возбуда не може да се контролира повеќе од една минута. Повеќе од 90 проценти од жените не можат да доживеат оргазам во рок од две минути, па во таков случај, нивното задоволство дефинитивно е изгубено.

Што е прекратко за жените, а што е предолго

Повеќето жени во студиите одговараат дека сè што трае помалку од пет минути е прекратко за нив, додека тие се малку „поблаги“ кога проценуваат што е предолго – за повеќето тоа е секс кој трае подолго од половина час.

Сепак, овие податоци не треба да ги потиснуваат мажите, истакнуваат истражувачите, затоа што занемарувањето на предиграта, неиницирање секс, избегнувањето орално задоволство и посветеност исклучиво на гениталиите, жените ќе го доживеат како поголемо кривично дело и грешка на партнерот.

Loading...