Евакуирана железничката станица во Марсеј

Сподели со своите пријатели

Железничката станица Сен Шарл во Марсеј денеска е евакуирана нешто пред 9 часот поради оставен багаж.

Loading...

Железничкиот сообраќај е во прекин и се очекуваат задржувања, јавува БФМ ТВ.

Француските медиуми претходно објавија дека железничкиот сообраќај во земјата се уште е во прекин по вчерашниот добро подготвен и масовен напад на железничката мрежа, за кој се уште никој не презеде одговорност, а истрагата продолжува.

Француската брза железничка мрежа вчера беше погодена од координирани „злонамерни дејствија“, вклучително и подметнување пожар, што предизвика прекин на многу од најпрометните железнички линии во земјата.