ЕУ започна борба против руската и кинеската дезинформација

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе лансира нова платформа за спротивставување на дезинформативните кампањи од Русија и Кина поради зголемената загриженост за овој феномен, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џузепе Борељ, пренесува порталот „Политико“.

Loading...

Центарот за размена и анализа на информации во рамките на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ќе се стреми да ја следи манипулацијата со информации од странски актери и да ја координира својата работа со 27-те земји на ЕУ и пошироката заедница на невладини организации.

„Треба да разбереме како се организираат овие кампањи за дезинформација за да ги идентификуваме актерите на манипулација“, рече Борељ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анкета: Речиси 80 отсто од Русите му веруваат на Путин

Официјален претставник на EEAS објасни дека тоа ќе биде децентрализирана платформа за размена на информации во реално време со невладини организации, држави и агенции за сајбер безбедност, што ќе овозможи подобро разбирање на новите закани и наративи за дезинформации и побрза акција за решавање на таквите прашања.

Речиси една година по почетокот на војната во Украина, ЕУ продолжува да се брани од обидите на Русија да манипулира и да ги искривува информациите за конфликтот.

Како што пишува овој бриселски портал, пропагандата со која Кремљ поради нејзините санкции се обидува да ја обвини ЕУ за глобалната прехранбена криза се проширила и во земјите од Африка и Блискиот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Путин не го смета за приоритет забавувањето на YouTube во Русија

Борељ, исто така, предупреди на „нов бран“ на дезинформации – измислени слики, видеа и веб-страници кои се претставуваат како медиуми кои се шират „пет пати побрзо од брзината на светлината“ преку социјалните мрежи и услугите за пораки.

Постоечката единица за дезинформации на ЕУ, одделот Стратком, забележа во својот прв извештај дека повеќето странски манипулации со информации во 2022 година се фокусирани на наративи кои ја поддржуваат руската инвазија на Украина.

Loading...

Конкретно, беа вклучени руски и кинески дипломатски канали.