ЕУ свика итен состанок поради чумата во Русија! Млада лаборантка почина, воведени се нови, итни мерки!

Сподели со своите пријатели

Ризикот од епидемија на чума во Русија е низок по смртта на лабораториска техничарка во Иркутск, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

„СЗО не откри никакви знаци на понатамошно ширење на инфекцијата откако Дарија Шипилова почина минатата недела. Ризикот од епидемија во Русија е низок по ненадејната смрт на лабораториски техничар кој работеше во институт за истражување на чума во Сибир“, се вели во соопштението на СЗО, пренесува „Гардијан“.

Дарија Шипилова, која имаше 28 години, почина минатата недела, два дена откако се разболе, а руските медиуми сугерираат дека можеби била заразена по инцидент на нејзиното работно место, каде што се складираат и проучуваат опасни патогени.

Руските власти го намалија значењето на инцидентот и изјавија дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“, но во истражувачкиот центар во градот Иркутск, како и во неколку соседни болници, беа воведени строги карантински мерки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се подготвува за можен хибриден напад со жртви?

Кристијан Линдмаер, портпарол на СЗО, во вторник изјави дека нема знаци на поширока епидемија.

„Сите контакти на пациентката се идентификувани и нивната здравствена состојба се следи, но досега никој не покажал симптоми на болеста“, рече тој.

Што е причината?

Руските власти сè уште истражуваат дали вирусната пневмонична чума е причина за смртта на Шипилова, но СЗО го процени здравствениот ризик како „умерен до низок“ за Иркутск, „низок“ за остатокот од Русија и „многу низок“ за Европа, рече тој.

Дарија Шипилова (28), која работеше во истражувачки институт, скрши епрувета со патогенот на пневмонична чума на 25 септември, објавија претходно локалните медиуми.

Потоа Шипилова беше примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија и почина во ноќта помеѓу 1 и 2 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смртта во руска лабораторија потсети на застрашувачко сценарио од книга: Што ако чумата излезе од контрола?

Руските власти изјавија дека не пронашле докази дека нејзината болест е предизвикана од некој од патогените со кои работела и рекоа дека ситуацијата е под контрола.

Болницата каде што била лекувана работничката била ставена во карантин, додека околу 200 лица кои биле во контакт со неа биле подложени на строг медицински надзор.

Казахстан, Киргистан и Узбекистан одделно воведоа превентивни мерки на своите граници за да се спречи можното ширење на заразни болести.

ЕУ го следи случајот

Европската комисија (ЕК) и земјите-членки на Европската Унија денес ќе разговараат за сомнителната епидемија на пневмонична чума во Сибир, по смртта на лабораториски работник во рускиот град Иркутск, додека руските власти наведуваат дека нема докази дека нејзината болест е предизвикана од некој од патогените со кои работела.

Состанок на Комитетот за здравствена безбедност, кој разгледува сериозни прекугранични закани по здравјето, ќе се одржи утрово во Брисел, а таа тема потоа беше додадена на дневен ред, објави „Еуроњуз“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов трговски конфликт: Пекинг испрати јасна порака до Германија и Франција

„Можам да потврдам дека инцидентот во Русија ќе биде на дневен ред на Комитетот за здравствена безбедност“, изјави портпарол на Европската комисија.

Болницата каде што била лекувана работничката била ставена во карантин, додека околу 200 лица кои биле во контакт со неа биле подложени на строг медицински надзор.

Казахстан, Киргистан и Узбекистан одделно воведоа превентивни мерки на своите граници за да спречат евентуално ширење на заразни болести.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) соопшти дека сомнителната епидемија на чума „сè уште не е потврдена“.

Додаде дека, врз основа на ограничените информации што се моментално достапни, нема извештаи за секундарни случаи или тековен пренос на болеста од човек на човек.