ЕУ одобри 261 милион евра помош за палестинските бегалци

Сподели со своите пријатели

Европската унија одобри финансирање од 261 милион евра за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), јави Анадолија.

Loading...

Европската комисија во соопштението наведе дека усвоила тригодишен придонес во износ од 261 милион евра „со цел на Агенцијата да и обезбеди предвидливи финансиски средства за давање основни услуги за палестинските бегалци“.

Веќе договорените 246 милиони евра финансиска помош беа дополнети со уште 15 милиони за да се ублажи влијанието на нестабилноста околу снабдувањето со храна, отежната од војната во Украина, се вели во соопштението.

„Нашата поддршка за UNRWA е клучен елемент во нашата стратегија да придонесеме за безбедноста, стабилноста и развојот во регионот, што исто така помага да се зачуваат изгледите за одржлив мир меѓу Израелците и Палестинците“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Жозеп Борел.

Во периодот меѓу 2021 и 2024 година, ЕУ планира да обезбеди вкупно 1,15 милијарди евра финансиска помош за палестинската управа и UNRWA.