ЕУ ќе издвои 17 милијарди евра за вселенски истражувања

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент го одобри предлогот на Европската комисија во периодот од 2021 до 2027 година, Европската унија да издвои скоро 17 милијарди евра за понатамошната истражувачка улога на ЕУ во вселенскиот сектор.

Loading...

Извештајот на Одборот за индустрија, истражување и енергетика, насочен на воспоставување вселенска програма во ЕУ и агенциите на ЕУ за вселенска програма, ЕП ги изгласа на последното пленарно гласање во моменталниот состав.

– Нашиот план е јасен, да се одржува и надоградува постоечката инфраструктура за Галилео и Коперник, да се зголеми употребата на вселенски податоци, да се потикнат иновативно новоосновани компании чиј приватен сегмент се вселенски летови и да се зголеми безбедноста на Европејците. Таа амбиција ја претворивме во конкретна програма, така што Европа да остане светски лидер во вселенскиот сектор, рекла Елизабета Биенковска, европска комесарка за внатрешен пазар и индустрија.

Извештајот истакнува и потреба за соработка со вселенската платформа со дигитални иновациски центри кои би го потикнале претприемништвото ив ештините.

Околу 200.000 експерти се вработени во вселенскиот сектор на Унијата.

Затоа клучно е, сметаат претставниците, на сите нивоа да се поддржи развојот на напредните вештини во секторите поврзани со вселена и да се поддржат активности за образование и оспособување.

Европската комисија предложила дека сите постоечки и нови вселенски активности ќе се обединат во еден програм, со што програмите Галилео, ЕГНОС и Коперник ќе се спојат во една програма и ќе им се додадат две нови иницијативи, ССА и ГОВСАТКОМ.

Со глобалните и регионални сателитски навигациски состави, Галилео и ЕГНОС (Европски геостационаер навигациски систем) ќе се доделат 9,7 милијарди евра, со што ќе се финансираат понтамошни вложувања во аквитностите и инфраструктурата за воспоставување и одржување на констелација на сателитите, развој на сигнали, подобрување на прецизноста и поддршка з априфаќање услуги на сателитските навигации на пазарот.

Loading...

За програмата за набљудување на Земјата, Коперник, ќе се вложат 5,8 милијрди евра, со што ќе се задржи автономијата на ЕУ и неговата лидерска улога во висококвалитетно следење на околината, управување со итни ситуации и поддршка за безбедноста на границите и поморската безбедност.

Во борбата против климатските промени во посочениот период, предвидени се нови мисии на Коепрник, како развој на постоечки услуги и додавање нови набљудувачки капацитети за следење на емисите на јаглерод диоксид и други стаклени гасови.

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply