Ерменската влада даде зелено светло за започнување на процесот за членство во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Ерменската влада на денешниот состанок усвои нацрт-закон за започнување на процесот за пристапување на Ерменија во Европската унија.

Loading...

Предлог-законот сега ќе биде испратен до Националното собрание на разгледување, јавува ерменското државно радио.

Премиерот Никол Пашинјан истакна дека усвојувањето на законот не значи членство во Европската унија.

Според Пашинјан, за ова прашање е неопходен референдум.

– Тоа не значи членство на Ерменија во Европската унија, бидејќи одлука за ова прашање може да се донесе само преку референдум, но треба да се напомене дека пред референдумот мора да преземеме одредени чекори, да разговараме, да развиеме патоказ со Европската Унија – рече Пашинјан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 19 лица убиени во напад на претседателски комплекс во Чад