Ербас блиску до потпишување рекорден договор: 500 авиони подготвени за продажба

Сподели со своите пријатели

Ербас очигледно е блиску до затворање на потенцијално рекорден договор за продажба на 500 авиони А320 на најголемиот индиски авиопревозник, ИндиГо, рекоа извори од авијациската индустрија.

Loading...

Европскиот производител на авиони, инаку главниот ривал на Боинг, се појави како фаворит за нарачката, изјавија извори на маргините на состанокот на воздухопловната индустрија во Истанбул, пренесува Ројтерс.

Таквиот договор потенцијално би бил вреден дури 50 милијарди долари, врз основа на неодамна објавениот ценовник на Ербас, но вообичаено вреди помалку од половина од таа сума, поради вообичаените попусти на авиоиндустријата на големи зделки.

Ербас и Боинг, исто така, сѐ уште се натпреваруваат во одделни преговори за продажба на 25 авиони А330 нео (Ербас) или Боинг 787 (Боинг) на истата индиска авиокомпанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Извршниот директор на IndiGo, Питер Елберс, кој присуствува на годишниот состанок на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт во Истанбул, одби да коментира за комерцијални прашања.

Ројтерс објави дека и двата производители на авиони одбиле да го коментираат случајот.

Како што понатаму беше истакнато, IndiGo е веќе еден од најголемите клиенти на Ербас, со нарачка за вкупно 830 авиони од семејството Ербас А320.