Елена Ристеска и Сузана Спасовска ќе пеат за кинеската Нова година во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на Друштвото за македонско – кинеско пријателство и соработка свечено ќе биде одбележана кинеската Нова година во понеделник во Занаетчискиот дом во Куманово.

– Ќе бидат презентирани одредени програмски содржини и од нас како домаќини, но и од страна на кинескиот дел од друштвото кои ќе се претстават со одредени традиционални и културни настани со промоција на одредени кинески вештини и се она што може во овој простор да биде прикажано, а поводот е кинеската Нова година. Настанот е отворен и ги повикуваме сите оние кои сакаат да бидат дел од ова интересно случување во понеделник во 13 часот да повелат во оваа сала и да бидат дел од манифестацијата. Најавувам и некои позначајни имиња од естрадата Сузана Спасовска и Елена Рисетска, кои што ќе пеат и на македонски и на кинески јазик, изјави Жика Крстевски, претседател на огранокот на ДМКПС- Куманово.

На свеченото одбележување на кинеската Нова година ќе се обратат директорот на друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка Љупчо Маленков, претседателот на огранокот од Куманово, Жика Крстевски, градоначалникот Максим Димитриевски, директорот на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје – Влатко Стоилков, кинескиот директор на институтот Лијао Веј, ректорот на универзитетот Никола Јанкуловски и амбасадорот на Народна Република Кина во РМ, Јин Лишијен.


Leave a Reply