Електричниот камион на Тесла ќе чини 150.000 долари

Сподели со своите пријатели

Недела дена по светската премиера на камионот – шлепер „Тесла Семи“, американскиот произведувач ги објави и цените на оваа електрично возило.

Основната верзија, со автономија во возењето од 480 километри, ќе чини од 150.000 доалри.

За оние на кои им е потребен камион за нешто подолги релации, на располагање е „Тесла Семи“ кој со полни батерии може да помине 800 километри. Оваа верзија ќе се продава по цена од 180.000 долари.

 

Loading...

 

За да резеврираат базичен модел, потенцијалните купувачи мора да уплатат депозит од 20.000 долари, соопштуваат од компанијата.

Ќе биде достапна и специјална верзија, со ознаката „Founders Series“ која ќе чини 200.000 долари.

Резервацијат ана овој модел подразбира уплата на целокупната сума однапред.

Кога е под целосно оптеретување од 36 тони, електричниот камион од 0 до 96 километри на час забрзува за 20 секунди. Уште поимпресивен е податокот за забрзување на приколката – тогаш оваа време се намалува на само 5 секунди. Тоа значи дека кога камионот е празен, забрзува како спортски автомобил.

 

 

За да постигне вакви резултати, „Тесла Семи“ е опремен со четири независни електромотори, од кои секој покренува по еден од четири задни погонски точки, а камионот има вкупно шест точки.