Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека запленила товар експлозив кој од Турција влегол во Либија, а воедно наведува и дека декативирале „бомба во движење“.
Бродот е запленет на 6. јануари а превезувал 29 ковчези со детонатори и експлозивни материјали.
– Крајбрежната стража деактивираше бомба во движење, рекол контра-адмирал Јанис Сотиру и додал дека бродот „Андромеда“, под танзаниско знаме, имал бројни структурни проблеми и дека никогаш и не требало да заплови.
Според негови зборови, последиците можеле да бидат непредвидливи и по луѓе, а и по околината.
Капетанот на „Андромеда“ тврдел дека бродот пловел кон Џибути, но подоцна признал дека вистинската дестинација било либиското пристаниште Мисрата.
Осумте членови на екипажот утре ќе бидат изведени пред судија.