Едвај останал жив кога во устата му експлодирала е – цигара (видео)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и три годишен маж од САД, претрпел изгореници од прв степен и се здобил со руптура на устата кога при пушење, во устата му експлодирало познатото електронско цигаре, пишува Дејли Мејл.

Loading...

Џејмс Лори на интензивна нега поминал повеќе од седум дена, поради претрпени изгореници од прв степен на лицето и градите, но и фрактура на вратот и прстот. Лори морал да биде приклучен на вештачко дишење и сламка, откако не бил способен да дише сам, а освен споменатите повреди, поради експлозија предните заби му се забиле во забното место, а му настрадале и долните заби.

Шест недели по несреќата, Лори и понатаму не може да јаде цврста храна, и сега се наоѓа на течна диета, а понатаму носи и вратна лонгета и зборува тешко, но вели дека е среќен што останал жив.

Среќен сум што останав жив, и знам колкав среќник сум бил. Ако мојата приказна се прошири и се спречи истото да му се случи на некој друг, тогаш знам дека направив добра работа, вели тој.