Едно лице загина, друго повредено при сеча на дрво во липковско

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен жител на липковското село Гошинце загинал, а 26-годишник е повреден при сеча на дрво.

Loading...

– На 18.06.2023 во 14.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Ургентен центар Куманово бил донесен починат Х.З.(37) од село Гошинце, општина Липково и едно повредено лице В.М.(26) од село Лопате, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По преземени мерки, извршениот разговор со повреденото лице и извршениот увид било констатирано дека при сеча на дрво во село Гошинце, врз нив паднало дрво при што В.М. се здобил со повреди, додека Х.З. починал.

По наредба од јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Никола Ивановски