Џеј Ди Венс официјално ја прифати номинацијата за потпретседател на САД

Сподели со своите пријатели

Џеј Ди Венс, кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп го претстави како свој потпретседателски кандидат на ноемвриските избори, се обрати на републиканската конвенција во Милвоки и официјално ја прифати номинацијата.

Loading...

Тој зборуваше и за своето детство и истакна дека Трамп и неговите политики се најдобриот избор за Америка.

Венс го нападна и критикуваше и претседателот Бајден и неговата политика, која им се закануваше на малите и руралните заедници како онаа каде што порасна во Охајо.

Ова е првпат Венс да се обрати на партиска конвенција, а го претстави неговата сопруга Уша Венс, која е адвокат.

Трамп, кој сè уште има завој на увото, присуствуваше на конвенцијата.

Сенаторот од Охајо е релативно непознат за Американците во политичка смисла, а во својот прв голем говор, меѓу другото, зборуваше и за тоа како израснал во сиромаштија во Кентаки и Охајо, со мајка зависничка од дрога и отсутен татко, за да подоцна и покрај се, завршил престижен колеџ и успеал да го достигне врвот на американската политика, пренесува АП.

„Ветувам на секој Американец, без разлика на партиската припадност, дека ќе дадам се од себе да ви служам и да ја направам оваа земја место каде што секој сон што го имате за себе, вашето семејство и вашата земја ќе биде возможен повторно“, рече тој.

Од критичар до следбеник на Трамп

Венс (39) им ветил на жителите на Охајо, Мичиген, Висконсин, Пенсилванија и секој дел од Америка дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа.

Loading...

Венс, кој во изминатите години се претвори од остар критичар на Трамп во негов агресивен следбеник и бранител, треба да стане идниот лидер на партијата и носител на неговото политичко движење „Направи ја Америка повторно голема“, наведува АП.

Малку порано, на собирот посветен на собирање средства за партијата, Венс рече дека во својот говор ќе го истакне контрастот меѓу Трамп и актуелниот претседател Џозеф Бајден.

„Човекот кој навистина ги разбира работните луѓе на оваа земја не е лажниот Скрентон Џо, туку вистинскиот претседател Доналд Трамп“, се вели во пораката на Венс до гласачите.