Џафери во посета на Општина Липково

Сподели со своите пријатели

Ве известуваме дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ќе ја посети Општина Липково.

Loading...

Премиерот Џафери во 10:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод увид во новата градинка во Матејче а ќе го посети и Домот на културата.

Потоа, во 10:30 часот премиерот Џафери ќе присуствува на настан по повод увид на реконструираниот локален пат во селото Липково, Општина Липково.

Во 11:00 часот, премиерот Џафери ќе го посети Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградбата на спортска сала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце