Ракометарките на Куманово остварија убедлива победа против Вардар со 33:22 и со тоа ја освоија и титулата во женската Суперлига на Макединија.
Loading...
Ова е двојна круна за избраничките на Ненад Краљевски откако минатиот викенд го освоија Купот на Македонија исто така против Вардар.
Избраничките на Куманово беа маестрални, а Вардар имаше сили само за едно полувреме. Во последните дваесетина минути кумановки имаа 13 гола, а примија само три и впишаа историски триумф.
Јована Кипријановска со шест гола беше најпрецизна кај Куманово, а по пет дадоа Мила Трајковиќ и Амела Џакмич.
Никола Ивановски