Две лица од Албанија фатени на Табановце со вметнати страници во пасош

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден,  во 19.05 часот на ПС за ГП Табановце, на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола и увид во патната исправа од страна на  полициски службеници поради постоење сомнение за фалсификување на патна исправа приведен е Т.И. (37) oд Подградец Р.Албанија.

Loading...

Имено страниците бр.15 и 16 биле направени од несоодветна хартија и вметнати во патната исправа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Истиот ден,  во 18,00 часот на ПС за ГП Табановце, на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола и увид во патната исправа од страна на полициски службеници поради постоење сомнение за фалсификување на патна исправа приведен е М.Ф.(31) oд Р.Албанија.

Имено патната исправа намерно била оштетена  со  вметнување на страници од друга патна исправа и преправка на документски број. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *