Двајца мртви откако кумановец пукаше во сестра и нејзини синови

Сподели со своите пријатели

Две лица се убиени, а едно е рането, откако 66-годишен жител на кумановското село Габреш пукал во својата сестра и нејзините синови.

Loading...

– На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско  поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово.

Според неофицијални информации, ранетиот веќе е пренесен на скопските клиники.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Од СВР Куманово додаваат дека увидот е во тек.

Никола Ивановски