Два земјотреси ја погодија Албанија

Сподели со своите пријатели

Два послаби земјотреси од 3,2 и 2,6 степени според Рихтеровата скала беа регистрирани денес во Албанија.

Loading...

Првиот се случил во 10:07 часот по локално време помеѓу Тирана и Елбасан, а вториот само 20 минути подоцна во истата област.

Според податоците од Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот земјотрес бил со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 38 километри источно-југоисточно од Тирана и осум километри северно-североисточно од Елбасан, на длабочина од пет километри.

Втор, послаб земјотрес со магнитуда од 2,6 степени е регистриран околу 20 минути подоцна, во 10:27 часот по локално време со епицентар на длабочина од 15 километри, на локација 34 километри источно-југоисточно од Тирана и четири километри северно-североисточно од Елбасан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во оваа балканска држава стапи на сила строга забрана за електронски цигари со арома

Засега нема информации за причинетата материјална штета или за евентуални жртви.