Два силни земјотреси го погодија југот на Мексико

Сподели со своите пријатели

Два земјотреси, со јачина од 5,0 и 4,0 степени според Рихтеровата скала, го погодија денес Мексико, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, на југот на земјата, недалеку од брегот на Пацификот.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван интензивно, а масите во некои куќи се треселе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Унгарскиот парламент денеска гласа за смена на претседателот