Државјани на Непал приведени на Табановце, па протерани од Македонија

Сподели со своите пријатели

Двајца државјани на Непал биле приведени на Граничниот премин Табановце поради илегален влез и биле протерани од Македонија.

Loading...

– На 09.10.2024 во 09.10 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле С.С.(29) и Р.П.(23), двајцата од Непал, кои илегално оствариле влез во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, а судија од Основен суд Куманово по претходна постапка донел пресуда со кое на лицата им се изрекува парична глоба и прекршочна санкција –  протерување на странец од земјата во траење од една година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски