Тинејџер од Германија е прогласен за мозочно мртов откако бил удрен во глава за време на тепачка на фудбалски турнир во Франкфурт.
Франкфуртската полиција соопшти дека младите играчи се степале и дека 15-годишникот бил удрен од фудбалер од противничкиот француски тим, 16-годишник кој бил уапсен, пренесува Дојче веле.
Полицијата во вторникот соопшти дека 15-годишно момче било хоспитализирано со „повреди на главата опасни по живот“ откако избила тепачка за време на меѓународен младински фудбалски турнир во Франкфурт.
Властите подоцна прогласија дека тинејџерот е мозочен мртов.
Инцидентот се случи во неделата веднаш по натпреварот помеѓу младинската екипа на Берлин и францускиот тим.
Шеснаесетгодишникот од францускиот тим е во затвор во очекување на дополнителна истрага од властите во Франкфурт.