ДПСМ го повика своето членство на собир пред Собрание

Сподели со своите пријатели

Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) ќе го поддржи големиот народен собир што под мотото „Македонија силна“ што ќе се одржи вечерва пред Собранието на Република Македонија, во организација на ВМРО-ДПМНЕ и партиите од владеачката коалиција “За подобра Македонија“.

Loading...

– После само една година од убедливата победа на редовните парламентарни избори на коалицијата „За подобра Македонија“ се реализира сценарио за дестабилизација на Република Маскедонија кое се заканува да го загрози, не само мирот и стабилноста, туку и економската сигурност на граѓаните.

Од тие, но и од многу други причини ДПСМ ги поканува сите свои членови и симпатизери да се приклучат на големиот народен собир во Скопје, каде јасно ќе соопштиме дека се спротивставуваме на сите црни сценарија за политичка дестабилизација и економско назадување, се вели во соопштението од партијата во кое се повикува членството да ги понесе и нивните национални обележја

Leave a Reply