Доминација на два бренда: Кои се најпродаваните телефони во светот?

Сподели со своите пријатели

На листата на 10-те најпродавани модели на паметни телефони на глобално ниво во првиот квартал од 2024 година доминираат производите на Apple и Samsung, според најновиот извештај на агенцијата Counterpoint Research.

Loading...

Првото место по продажба го зазеде моделот iPhone 15 Pro Max со удел од 4,4 отсто, потоа iPhone 15 со 4,3 отсто, iPhone 15 Pro со 3,7 отсто и iPhone 14 со 1,9 отсто.

Петтото, шестото и седмото место ги зазедоа производите на Samsung Galaxy S24 Ultra, Galaxy A15 5G и Galaxy A54.

Листата ја затвораат iPhone 15 Plus и телефоните Galaxy S24 и Galaxy A34 на Samsung.

Ова е првиот квартал во кој сите 10 најпродавани паметни телефони ја поддржаа 5G мрежата.

Дополнително, забележлив е растечки тренд на популарноста на поскапите телефони, бидејќи седум од 10-те најпродавани модели припаѓаат на категоријата „премиум“, што значи дека нивната големопродажна цена е повисока од 558 евра.

Потрошувачите често се одлучуваат за паметни телефони од висока класа бидејќи сакаат нивните уреди да останат технолошки релевантни долго време, се вели во извештајот.