Докажаа дека можат да читаат мисли: Изведоа трик кој никој во светот не знае да го објасни (видео)

Сподели со своите пријатели

Двајца мажи, Еднру и Дерен викендов настапија на британската верзија од емисијата „Јас имам талент“, а нивните неверојатни трикови ги одшевија членовите на жирито, публиката, но и гледачите ширум светот. Имено, овие момчиња себе се претставија како „читали на мисли“.

Дерен најпрвин од Аманда Холен побара да избере било кој контант во својот телефон и да ги запамети последните три бореви и во себе да го повторува името на таа линост, по што Ендру точно го напиша на хартија бројот 415 и името Деби.

Момчињата потоа побараа ос Сајмон Коуел на хартија да напише број на куќа кој го замислил во својата глава, на ѕидовите на таа куќа да им ја одреди бојата, како и календар со лице на некоја позната личност.

Секако, откако Коуел ја заврши задачата, Ендру повторно без грешка јасно и гласно наведе дека Сајмон го замислил бројот 717, тиркизна боја и лицето на актерот Роџер Мур.

Потоа следеше големото фиале, прашање на кое дури на сите нема да им биде лесно да го одговорат. Како и кога ги заменија маиците? Ќе видите и самите во салата влегоа во мајци со војничка шара, кои одеднаш станале црни.

 

Loading...