Дел од родителите денеска не ги пуштија своите деца да посетуваат настава во подрачното училиште ”Христијан Карпош” во населбата Иго Тричковиќ поради како што велат нехуманите услови за држење настава.
Училиштето поради низа причини е оставено без огревно дрво, па учениците настава држат во студени простории, па затоа утринава родителите излегоа пред училиштето и побараа одговори од директорката.
Тие ја запрашаа до кога нивните деца ќе одат во училиште во која нема огрев, во кое учениците не се безбедни да излезат во школскиот двор поради непостоење на заштитна ограда, поради отворени шахти, а најмногу од се поради лошите услови во санитарните јазли.
Директорката Лидија Костиќ, ги повика на состанок револтираните родители и рече дека дрва нема, поради тоа што ниту една фирма не се јавила на општинскиот тендер.
Таа додаде дека понудената цена на тендерот е премногу ниска за разлика од цената на огревното дрво, па затоа никој не сакал да биде во загуба од понудувачите.
Но, во истиот момент пред училиштето експресно бргу пристигнаа дрвата, кои сепак не се доволни за целата грејна сезона.
Сепак Костиќ вели дека ги дели мислењата со родителите и вели дека одредени барања кои таа ги доставила до Министерството за образование и наука, со кои се предвидува вработување на додатен помошен персонал не е реализирано, а дека недостигот на огревни дрва е проблем во целата држава, а не само во оваа училиште.
Имаме проблем за задоцнување на набавка на огревно дрво, а уште во месец јуни е направена нарачка на птребни кубни метри дрва за оваа подрачно училиште и е доставено до Секторот за образование во оштина Куманово.
Во оваа подрачно училиште настава посетуваат околу 100 ученици од с. Пуковско.