Додека Таравари даваше изјава неговото возило беше паркирано непрописно (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Додека министерот за здравство даваше изјава на градскиот плоштад во Куманово, неговиот автомобил го чекаше од спротива, паркиран непрописно.

Loading...

На прашањето на Кумановски Муабети, Таравари само кратко одговори дека треба веднаш да ги казнат.

Но, никој не ги казни, ниту тие се препаркираа, туку го попречуваа сообраќајот и на тротоарот и на улицата во центарот на Куманово.

 

 

Таквото прашање ги вознемири соработниците на Таравари, но и дел од колегите новинари кои нашиот новинар го нарекоа „кретен“.

Еден од тие автомобили, претходно не сакаше да ги пропушти нашите колешки новинарки на пешачки премин и за малку ќе ги прегазеше.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Правда за Кочани“: Мирниот собир во Куманово се префрли на улица (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

 

Никола Ивановски