Доаѓа телефонот на Кока-Кола

Сподели со своите пријатели

Идејата за производство на телефон со светски познатото лого испечатено на капакот на батеријата е крајно невообичаена, но најновите извештаи сугерираат дека тоа ќе се случи.

Loading...

Во последните месеци се шпекулира за потенцијална соработка на компанијата Кока-кола со некои од производителите на паметни уреди, пишува Pocket-lint.

На интернет се појавија нови информации и фотографии, па се чини дека овој вид телефон наскоро ќе се најде во продажба, иако за жителите на Индија.

Познатиот индиски блогер Мукул Шарма објави твит во кој наведува дека телефонот со брендот Coca-Cola ќе дебитира во првиот квартал од годината, што значи дека за неколку недели би можел да им биде достапен на љубителите на глобално популарниот пијалaк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Телеграм наскоро ќе има над милијарда корисници

Шарма вели дека компанијата за безалкохолни пијалаци тесно соработува со производител на паметни телефони за да го донесе брендираниот телефон во продавниците што е можно поскоро.

Шарма не прецизираше за кој производител се работи, но една фотографија кажува повеќе од илјада зборови, па се покажува дека се работи за телефон Realme 10 4G.

 

Loading...

 

Што можат да очекуваат купувачите на Кока-кола телефони?

Доколку се остварат најавите, треба да очекуваме телефонот на Coca-Cola да има 6,5-инчен FHD+ AMOLED екран со брзина на освежување од 90 Hz.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три причини зошто роботите наскоро ќе станат значително покорисни

Хардверот го напојува чипсетот MediaTek Helio G99 со капацитет на работна меморија од 8 GB, со можност за додавање на уште 8 GB виртуелна RAM меморија, која ќе ја „штипкате“ од системската меморија.

Љубителите на Coca-Cola кои ќе се одлучат да го купат овој телефон ќе имаат можност да користат главна камера од 50 мегапиксели и предна камера од 16 мегапиксели.

Во случај навистина да е Realme 10 4G, купувачите на аудио поддршката Hi-Res можат да сметаат на 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, што е реткост денес, дури и на уреди од ниска класа.

Батеријата на овој уред е со капацитет од 5.000 mAh со полнач SuperVOOC со моќност од 33 W.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Телеграм наскоро ќе има над милијарда корисници

Ова не е единствениот пример за лансирање на брендирани паметни уреди. Во ноември 2015 година, Пепси им понуди на своите фанови брендиран телефон кој е создаден во соработка со кинескиот производител Shenzhen Scooby Communication Equipment.

KFC ја одбележа 30-годишнината од својот бизнис во Кина со проект со Huawei, па љубителите на познатиот ланец ресторани имаа можност да се почестат со телефон наречен „KFC Huawei 7 Plus“ во 2017 година.

Loading...