Димитриевски се сретна со градоначалничката на Ловеч (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска се сретна со градоначалничката на Општина Ловеч, Бугарија.

Loading...

 

 

Повод за пријателската средба помеѓу градоначалниците, како што информираат од прес службата на општината, е гостувањето на Драмскиот театар од  Република Бугарија со театарската претстава „Службогонци” во рамките на манифестацијата  „Денови на комедија” во Куманово.

 

 

Loading...

– Градоначалникот на Општина Куманово,Максим Димитриевски ја прими неколкучлената делегација од Ловеч предводена од градоначалничката Корнелија Маринова, директорката на театарот Биљана Петрова, претставникот на секторот односи со јавност Цветан Тодоров, коресподент на БТА во Ловеч Даниела Балабанова  и дел од актерската екипа во пријатна и пријателска атмосфера, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Никола Ивановски