Димитриевски го претстави „Манифестот за Македонија“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со Манифест за Македонија Максим Димитриевски ќе ја бара поддршката и довербата од граѓаните на претстојните претседателски избори.

Loading...

Тој денеска пред Македониумот во Крушево ја промовираше претседателската програма насловена како МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА.

 

 

Истовремено беше промовиран и слоганот на неговата кампања МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА.

„Не случајно почетокот на мојата кампања за Претседател на Македонија почнува од Крушево, кој како град има исклучително историско значење за нас како народ и држава. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е формирано и почива токму на темелите на Крушевската Република и АСНОМ. Затоа Програмата со која што ќе настапам ја нарековме Манифест за Македонија, како континуитет на Крушевскиот  Манифест”, рече Димитриевски пред мнобројните граѓани и продолжи:

„Само со МАКСИМУМ напори, макотрпна работа и остварување на целите, од сите нас заедно и секој поединечно, со ум и со разум, Македонија може да стане држава каква што посакуваме. Со личен пример ќе мотивирам, поттикнувам и придонесувам секој граѓанин да го даде својот МАКСИМУМ. Македонија е пред раскрсница. Македонија е пред клучна одлука, Македонија мора да биде земја на среќни и задоволни граѓани Македонија, мора да гради пат кон иднината. Јас го ЗНАМ вистинскиот пат. Затоа ги повикувам граѓаните по Илинден и АСНОМ да се вклучат во Изборното востание, додаде тој.

Loading...

 

 

Програмата која ја презентираше Димитриевски е базирана на пет стратешки начена и на пет приоритети во првите 200 дена од преземзањето на претседателската функција.

Во продолжение ви ги пренесуваме интегрално петте начела што Димитриевски ги презентираше денеска.

 

 

Loading...

Начело број 1 – Единствени во надворешната политика

– Ќе ја зајакнам улогата на претседателот во надворешните односи, кој, согласно Уставот, ја претставува државата

– Ќе ја претставувам државата достоинствено и доследно;

– За мене најважни се националните интереси, како основа на надворешната
политика

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски за белградска Политика: Илинден и АСНОМ како историски столбови и потпори

– Во ЕУ да. Но со заштита и почитување на националните интереси т.р гордо и достоинствено.

– Ќе придонесувам, низ дијалог и аргументи, за постигнување висока согласност за стратегија за надворешната политика и пристапувањето во ЕУ.

– Ќе ги продлабочувам односите со ЕУ, НАТО и странските партнери, засновани на јасната гео-политичка ориентација;

– Целосно ќе се ангажирам, во дијалог со државите членки на ЕУ за отстранување на блокадите во евроинтеграцискиот процес, преку градење доверба заснована на кредибилни, реални и видливи реформи дома

– Ќе ги развивам односите со сите соседни држави и со државите од регионот, засновани на спроведување на договорите на база на реципроцитет  со добра волја од сите страни;

Loading...

– Ќе поднесувам иницијативи за заеднички настап на државите од регионот за членство во ЕУ и пристап до европските фондови

– Ќе работам на интензивирање и зајакнување на улогата на Македонија на глобалната сцена, која брзо се менува.

 

 

Начело број 2 – Глас на разумот и обединувањето

– Ќе поттикнувам и одржувам редовен, конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за да постигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – во надворешната и внатрешната политика;

Loading...

– Ќе развивам дијалог со граѓанскиот сектор и НВО

– Ќе работам на суштествен развој на меѓуетничките односи и реален соживот во Македонија

– Постојано ќе го поттикнувам унапредувањето на темелните вредности во општество, кои се вредностите и на ЕУ

– Ќе се залагам за солидарно општество,со почитување на слободите и правата, без дискриминација, со развиена демократија и владеење на правото

– Ќе работам на вклучување на сите интелектуални и независни сили во македонското општество за нивен плодотворен придонес во развојот.

Loading...

– Почитувајќи го и придонесувајќи за принципот на рамнотежа на властите, ќе имам активни односи и соработка со Собранието и Владата.

 

 

Начело број 3 – Поцврсти во одбраната и безбедноста

– Како врховен командант, ќе работам на зајакнување на капацитетите на македонската армија;

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски за белградска Политика: Илинден и АСНОМ како историски столбови и потпори

– Ќе ги вложам сите напори за да се валоризира нашето членство во НАТО и да се унапредува нашата улога;

– Во време на зајакнати хибридни закани и предизвици во глобални рамки, ќе ја јакнам улогата на Агенцијата за разузнавање во заштитата на националната безбедност на државата;

– Советот за безбедност под мое раководство ќе биде активен субјект во одбраната и во превенирањето на заканите кон безбедноста на државата.

 

 

Loading...

Начело број 4 – Силни институции за заштита на граѓанинот и државата

– Неопходен е пресврт во нашиот однос кон институциите, нивно ослободување од политиката, комплетна департизација т.е ќе се залагам за интегритет, стручност и професионалност на институциите.

– Ќе именувам и ќе давам предлози согласно моите уставни и законски надлежности, само врз основа на заслуги, стручност и интегритет;

– Моите предлози за членови на Уставниот суд и на Судскиот совет ќе бидат издржани со личности со реноме во фелата и јавноста;

– Ќе ја поддржувам независноста и развивањето на капацитетот на независните и регулаторните тела.

 

Loading...

 

Начело број 5 – Вклученост и одговорност

-За одредени прашања,одлуките ќе ги донесувам по консултација со експерти и граѓанската заедница;

– Ќе обезбедам транспарентност и јавност на своето дејствување како Претседател на Републиката;

– Ќе се залагам за отчетност и одговорност на носителите на јавните функции, како основа за искоренувањето на корупцијата;

– Ќе инсистирам на одговорност на носителите на јавни функции, односно ќе се држам до начелото дека правдата мора да е еднаква за сите.

 

Приоритет број 1

Во првите 100 дена, во интерес на побрза европска интеграција, ќе инсистираме на формирање специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски за белградска Политика: Илинден и АСНОМ како историски столбови и потпори

Приоритет број 2

Во првите 100 дена ќе инсистираме на формирање специјален правен тим кој ќе се посвети на основните европски модалитети за спроведување на меѓународното право преку имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кои се однесуваат на неправедните одлуки на властите во Република Бугарија кон македонските организации, а кои се од суштинска важност за одржување добрососедски односи.

Приоритет број 3

Во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија.

Приоритет број 4

Отворање на дијалог за евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е 100 посто реализиран.

Приоритет број 5

Во првите 100 дена ќе предложиме Национална Стратегија за борба против корупцијата. Во таа насока изразувам подготвеност да дискутираме за правните модалитети за промена на Уставот во насока да се спречи апсолутната застареност на кривични дела сторени од избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт. Сметам дека е неопходно, заради обезбедување на правна сигурност, еднаквост пред законите и неселективна правда, во следниот парламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за избор на Јавен обвинител на Република Македонија. Наместо на предлог на Владата, истиот да се избира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од 6 години.”