Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска го посети селото Кокошиње кое од вчера е зафатено од големи сериозен пожар.
Димитриевски направи обиколка на терен со командирот на противпожарната единица од Куманово Деан Илиевски и пратеникот Даниел Стојчевски.
Како што информираше градоначалникот, Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово се на терен и деноноќно работат на гаснење на пожарите, во соработка со месното население.
– Во текот на вчерашниот ден имаше 11 активни пожари, од кои 10 се изгаснати, а денеска има 2 нови и активни. Исто така имаше повеќе интервенции на пожари од помали размери: во населбата Перо Чичо, Спомен костурница „Зебрњак”, с. Никуштак, во близина на филтер станицата, Денес, исто така, Центарот за управување со кризи најави воздушна поддршка во гаснење на пожарот во најзагрозеното место во областа на с. Кокошиње, рече Димитриевски.
Вчера токму во селото Кокошиње загина и седумдесет и петгодишен маж откако куќата во која живеел со својата сопруга се запалила.
Никола Ивановски