Димитриевски го осуди палењето дуќан и автомобили во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ги осуди настаните од ноќеска во Куманово кога беа запалени три автомобили и деловен објект.

Loading...

– Најостро ги осудувам немилите настани што се случија ноќеска во центарот на Куманово – опожарување на деловен објект и автомобили. Ги повикувам надлежните инстититуции професионално и навремено да ги дознаат сторителите и да се изречат соодветни казни. Ваквите дејствија не треба да дозволиме да се случуваат никаде во државата, напиша Димитриевски.

Инаку утринава три автомобили и деловен објект, сопственост на функционери на ДУИ беа опожарени во раните утрински часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДУИ бара интервенција од меѓународната заедница

Никола Ивановски