Рускиот репрезентативец во редовите на еврпскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, се најде во тимот на колото по победата од 34:30 во рамките на 12.коло во Лигата на шампионите. Крилото го одигра најдобриот меч сезонава, откако постигна 11 гола со само едно промашување.
Покрај Дибиров во изборот на ЕХФ се најде и уште еден играч на Вардар. Пивотот Мијајло Марсениќ го постигна еден од најубавите голови во ова коло.