Девојче во Австралија пред неколку дена нападнато од крокодил. Сега се пронајдени делови од телото

Сподели со своите пријатели

Австралиската полиција пронашла делови од телото додека трагала по 12-годишно девојче за кое се верува дека било жртва на напад од крокодил, јавува Би-би-си.

Loading...

Девојчето последен пат е видено во вторникот како плива со своето семејство во близина на абориџинскиот град Нганмарјанг.

„Ова е тажна вест за семејството, заедницата и сите вклучени во потрагата“, рече постариот наредник Ерика Гибсон, додавајќи дека полицијата ќе обезбеди поддршка за семејството.

„Повредите потврдија напад од крокодил“, додаде Гибсон.

Околу 40 луѓе го барале девојчето

Околу 40 локални жители и помогнале на полицијата во потрагата по детето, која започнала набргу откако 12-годишното девојче било пријавено за исчезнато.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ја погоди Турција

Речиси 36 часа ја пребаруваа областа пеш, со брод и со помош на хеликоптер, низ захтевен терен со густа вегетација и тесен кривулест воден пат.

Не се дадени детали дали е пронајден крокодилот за кој се сомнева дека го нападнал детето.

Оваа област е дом на околу 100.000 морски крокодили, повеќе од кое било друго место во светот.

Loading...

Нападите се сè уште невообичаени.

Овде минатата година имаше најмалку два напади со крокодили – деветгодишно момче беше повредено во јануари додека пливало во националниот парк Какаду, а фармер му избегал на вилиците на ѕверот каснувајќи го, но нема фатален напад од 2018 година. .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НАТО предупредува на нови сериозни саботажи и сајбер напади од овие земји