Девет совети за трајно отстранување на пајажината

Сподели со своите пријатели

На многумина не им е пријатно кога ќе видат пајак како вреба од некоја гол, а сега можете да се решите од нив засекогаш.

Loading...

1. Населете бубамари

Ако имате градина или балкон, населете го со бубамари. Овие инсекти се голем непријател за пајаците затоа што секоја од бубамарите е во остојба да изеде и до 50 пајаци дневно. Насадете растенија кои ги провлекуваат и спасете се од пајаците.

2. Користете ментол

Пајаците мразат пеперминг, па наједноставниот начин да ги задржите подалеку од својот дом е во вода да натопите неколку капки масло од пеперминт и со тоа да ги испрскате аглите на својот дом. Препаратот можете да го направите сами или да купите готово средство против пајаци врз база на пеперминг.

3. Остранете ги сите мрежи

Можеби звучи едноставно и очигледно, но редовното отстранување на пајаковите мрежи е најдобар начин за борба против пајаци. Редовно прегледајте ги сокриените агли од домот, отстранете ги мрежите и така спречете нивно размножување.

4. Набавете домашен миленик

Loading...

Милениците често се успешни борци против пајаците затоа што ги јадат. Животните, а особено мачките, ќе ловат по домот се што се помера и ќе ги уништат несаканите гости дури и пред да успеете да забележите дека воопшто ги има.

5. Исчистете го нередот

Пајаците сакаат простори натрупани со работи каде има многу скришни места во кои можат да се пикнат. Ако во станот држите непотребни парчиња мебел и десетици саксии со цвеќе, ослободете се од вишокот предмети и ќе имате помалку пајаци.

6. Распоредете во домот портокали и лимон

Малите осумножни инсекти не го поднесуваат мирисот на цитрусот, па нема да бидат во вашата околина ако во домот држите лимон, портокали, мандарини и слично.

7. Измијте ги прозорците со специјална мешавина

Ако ги измиете прозорците со мешавина од амонијак и вода, ќе спречите пајаците да влегуваат во домот. Кога прозорците ќе се исушат, премачкајте ги со новинска хатија натопена со керозин која бргу ќе изветри, но сепак оставете репелент кој ќе ги одбие пајаците, мувите и комарците.

8. Користете еукалиптус

Loading...

Уште еден мирис кој пајаците едноставно не го поднесуваат е еукалиптусот, па ставете го оваа растение во бањата, ормарот и на слични места на кои пајаците би можеле да се завлечат. Освен што ќе ги одбиете пајаците, станот ќе прими пријатен мирис.

9. Свеќи со цимет

Инвестирајте во свеќи со цимет затоа што тоа е одличен начин да ги спречите пајаците да се шират по домот. Имено, циметот е уште еден од мирисите кои пајаците не го сакаат.

Leave a Reply