Детската претстава „Далматинко“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Детската претстава „Далматинко“ во понеделник (29.01) ќе биде играна на малата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Станува збор за детска комедија за сите возрасти, која упатува пораката дека дите деца на овој свет се исти и сите треба да сме заедно како едно.

– Низ многу комични ситуации кои се случуваат во домот на Далматинко заедно со кученцето Тошко и тетка Светле, децата ќе уживаат во многу поучна претстава со многу хумор, музика и интеракција, велат од Театар „Хит“ од Скопје во чија продукција е претставата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква била улогата на Куманово во обновување на разурнатото Скопје?

 

 

Ликовите ги играат Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.

Самиот Рисовски е и автор и режисер на претставата, сценографијата е на Диди, а костимографијата на Раде Василев.

Loading...

Билетите од денеска се пуштени во продажба на билетарницата на НУЦК „Трајко Прокопиев“.