Во Европа е забележан пораст на радиоактивните честички во атмосферата, но никој не знае од каде потекнува.
Станиците за контрола на квалитетот на воздух ширум континетот детектираат траги од радиоактивен јод-131, изотоп чие време на полураспаѓање е само осум дена. Тоа значи дека честичките влегле во атмосфера во некој неодамнешен настан, но тој се уште не е откриен.
Според движењето на честичките, Норвешката агенција за заштита од радијација проценила дека честичкит епотекнуваат од Источна Европа.
Во време на мерењето беа лоши временски услови, па не можеме да ја процениме точната локација. Зголеменот ниво на радиоактивен јод стигна до северот на Норвешка, Финска и Полска, а детектиране и во Чешка, Германија, Франција и Шпанија – рекла Астрид Лиланд, раководител на секторот за итни ситуации во Агенцијата.
Таа смета дека е можно јодот да потекнува од некој нуклеарен реактор, но и од некоја фабрика за јод. Имено, јодот-131 се користи во медицината за лечење на проблеми со тироидна жлезда и комерцијално се користи ширум Европа.
Овој изотоп, меѓутоа е исклучително радиоактивен. Кога е присутен во поголеми количини во опкружувањето, може да ја зарази храата, а по голтањето се акумулира во штитната жлезда. Со распаѓање може да се предизвика рак од овој орган.
Количините кои се присутни во атмосферата се премногу мали за да биде штетни, но тоа не ја намалува загриженоста на експертите.