Денот на независноста одбележан во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе денеска пред споменикот Жена борец на плоштадот во Куманово свечено беше одбележан Денот на независноста, 8ми Септември.

Loading...

 

 

Политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, училишта, претставници од Здружението на борци на НОБ и граѓани денеска пред споменикот положија свежо цвеќе.

 

 

Loading...

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој се осврна на зборовите на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров „Да ви честитам на вас сите, и на сите граѓани и граѓанки на Македонија слободна, суверена и самостојна Македонија.“

 

 

Рече дека 30 години подоцна токму тие зборови имаа големо значење.

– Дали научивме од нашите грешки или дали ги повторуваме? Дали научивме што е демократија или се уште учиме? Во тие 30 години имавме подеми и падови, успеси и блокади, конфликти. Тешки години помина оваа земја и се уште ги живее годините на неизвесност. Носење на мудри одлуки и почитување на различно мислење е нешто што претседателот Глигоров го имаше како основа на своето лидерство, не научивме да ги применуваме сега во политиката. Оваа земја мора да ги политува различностите, слободата на изразување и демократското делување. Без тоа немаме држава, рече Димитриевски.

 

Loading...

 

Тој се наврати на 8 септември 1991 година гоа имал 16 години и рече дека тој чин за него тогаш била можност да се развива во независна Македонија.

– Имав елан и желба да ги менувам работите, да бидам дел од сонот за независна држава. Но, сега ако прашате некој 16 годишен што сон има, првиот одговор е да си оди од државата. Поразително за нас. Каков пораз е тоа за секој родител да си го гледа детето дека сака да замине од државата. Ние имаме обврска кон младите генерации да ги смениме работите на подобро, а не да оставаме на нив големо бреме за кои не се должни да го носат, рече тој.

 

Рече дека револуционерно Куманово е пример за тоа како е да се живее во мултиетничка содржина.

– Куманово е град кој ги почитува сите граѓани и им дава еднаква можност за развој. Куманово е град на Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи, кои негуваат меѓусебна грижа, почит и разбирање. Куманово е град на демократски вредности, каде се почитува и вреднува секое различно размислување. Град на солидарност и хуманост. Град на борба и град каде пукна првата пушка, додава тој.

 

Loading...

 

Упати благодарност до сите досегашни претседатели, на неколкуте владини состави, „како и до сите пратеници во Собранието кои овие 30 години и служеа и сѐ уште и служат на државата“.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Никола Ивановски