Денеска промоција на новиот македонски филм – „Последниот Македонец“ (видео)

Сподели со своите пријатели

„Последниот Македонец-патот до истребување“ во режија на Илија Пиперковски е новиот македонски документарно-игран филм кој ќе биде прикажан на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Loading...

Сценариото во филмот е на Александар Кукулев, продуцент е Снежана Лупевска Созен, кинематографер Дејан Димески, а монтажата е на Данчо Стевков.

Според продуцентот Снежана Лупевска Созен, во сценариото на Кукулев се дознава зошто Макодонија пред 100 години не станала држава кога сите соседи добиле незавизни држави. Во него според Лупевска се дознава што сме правеле ние, што е тоа во генот на македонскиот народ односно во нашиот код што нечини.

Во филмот кој е поддржан со сретства на Агенцијата за филм на Република Макеоднија, играат Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ Пројковска….

Премиерата е во сабота (19 септември) во 16:30 во салата на Театар Битола.