Денеска во период од 8:00 до 16:00 часот во атарот на селото Орашац, на локалитетот Црковен рид ќе се изврши минирање од страна на компанијата Мактек ДООЕЛ – Скопје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, но без информација за какво минирање станува збор.
Loading...
Во текот на вчерашниот ден компанијата имаше извршено минирање во атарот на селото Пчиња, а често на оваа локација во селото Орашац се вршат минирања од оваа компанија.