Денеска и утре без струја повеќе локации во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во околината на Куманово и Липково денеска и утре привремено ќе бидат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи денеска во период од 08:00 до 09:30 прекини ќе има кај корисниците од липковските села Опае, Липково, Отља, Матејче, Виштица, Никуштак, Стрима, Лукаре, Гошинце и Ранковце.

Од 08:00 до 16:30 часот прекини се најавени за селата Лопате и Опае.

Планирани прекини во период од 09:00 до 10:00 часот ќе има и во населбата Карпош и Индустриската зона.

Најавени прекини има и за утре кога во период од 08:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат Здравствен дом, како и улиците „Гоце Делчев“, „Вардарска“, „Борис Кидриќ“, „Пробиштипска“ и „Јусеин Јусеини“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски