Денес се очекува топло време до 33 степени

Сподели со своите пријатели

До крајот на денот ќе се задржи претежно сончево време, со сосема слаб ветер од североисточен правец. Мало наоблачување се очекува попладне и во текот на вечерта. Од оваа облачност ме да се очекува само слабо „проросување“ навечер во околината на планинните во западниот регион.

Loading...

Максималната температура која што се очекува долж повардарието ќе има вредност од 30°С до 33°С. Котлините во источниот регион очекуваат највисока дневна температура околу 29°С. За нијанса посвежо ќе биде во низините во западната област каде максималната дневна температура ќе достигне вредности околу 27°С. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло. Максималната температура ќе достигне до 32°С.

Leave a Reply