Православните верници денес го чествуваат празникот Воздвижение на Чесниот Крст Крстовден — значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 14 септември, односно на27 септември по стариот календар.
Крстовден е празник на пост и покајание.
Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим.
Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.
На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.
За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.
Македонскиот народ го празнува Крстовден како тежок празник. Тогаш не се работи и се пости „за крст“.
На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло. Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје и др.
Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.