Дел од чевларските компании во Куманово ги одјавија работниците

Сподели со своите пријатели

Дел од компаниите од чевларскиот сектор во Куманово ги одјавија, односно отпуштија своите работници.

Loading...

Според дел од вработените во овие компании кои ја контактираа редакцијата на Кумановски Муабети, завчера им било кажано да седат дома и дека ќе бидат одјавени од работа.

– Ни беше кажано дека ќе бидеме одјавени. Да седиме дома и да чекаме да не повикат кога ќе заврши кризата. Сега немаме ниту плати, ниту придонеси за здравство и пензија. Од друга страна никој не ни гарантира дека кога ќе заврши кризата сите пак ќе бидеме повикани, вели еден чевларски работник од Куманово.

Чевларските компании во Куманово се соочуваат со вистински предизвик, од една страна со набавка на материјали за работа, а од друга страна извозот кој главно беше поврзан со Италија, која моментално е во карантин и секојдневно брои стотици жртви од коронавирусот.

Владата вчера најави пакет мерки за поддршка на компаниите кои ќе имаат штета од епидемијата. Сепак, според премиерот Оливер Спасовски помош нема да има за оние компании кои ќе отпуштат работници.

– Секој еден којшто отпуштил работници  веднаш кога започнала кризата,  тој не може да искористи дел од мерките, соопшти премиерот Оливер Спасовски при едно телевизиско гостување, информирајќи за мерките и помошта на Владата за април и мај.

Никола Ивановски

Leave a Reply