Дефект остави без струја многу населени места во градот и околината

Сподели со своите пријатели

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од седум часот наутро се повеќе населени места на територија на Општина Куманово, јавува Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Без електрична енергија се селата Орашац, Шупљи камен, Доброшане, потоа населба Вера Которка, населба Зелен рид, како и селата Старо Нагоричане, Черкезе, Уминдол, Ропаљце и Љубодраг.

Нема информации за тоа кога дефектот ќе биде саниран и дали жителите на гореспоменатите места веќе имаат електрична енергија.