Општинската организација на Црвен Крст Куманово најави дека во период од 20-26 април, традиционално и оваа година ќе се одбележи „НЕДЕЛА НА СОЛИДАРНОСТ“ за собирање на парични средства за помош на социјално загрозените семејства во Куманово.
Loading...
Акцијата ќе се спроведе на градскиот плоштад во Куманово, околните населби, како и низ продавниците низ градот.
Од собраните парични средства ќе бидат направени прехрамбени пакети кои ќе бидат поделени на социјално загрозени семејства од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.