Градоначалникот на Општина Куманово излезе со прес конференција за новинарите, откако во текот на вчерашниот ден, ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово го обвини Дамјановски за неспроведување на проектот за отварање на нови регионални пречистителни станици во рурални средини.
Проектот на кој се навратија од ОК на ВМРО ДПМНЕ вели Дамјановски е само обид на дефокусирање на јавноста во услови кога нивната партија е фатена во криминал.
– Проектот за отварање на регионалните пречистителни станици во шест рурални средини беше инициран во соработка со австриската влада, по што аплициравме и истиот беше одбиен од министерот за финансии Зоран Ставревски, кога од министерството побаравме согласност за објавување тендер за комерцијални банки кои ќе го сервисираат проектот, вели Дамјановски.
Градоначалникот во продолжение на пресот одговараше на новинарски прашања.